Чавушоглу во Анкара се состана со извршната директорка на УНИЦЕФ

February 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес се состана со извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, јавува Анадолу.

Заблагодарувајќи ѝ на Расел за нејзината посета за солидарност, Чавушоглу на Твитер напиша: „Благодарен сум за поддршката на меѓународната заедница во нашите тешки времиња“.

Посетата на Расел се случи по двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари, одземајќи ги животите на најмалку 44.370 луѓе.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија уште 10 други области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа. Повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.

Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.

Сочувство и солидарност со Туркије изрази целиот свет, а многу земји испратија спасувачки тимови и помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жан Митрев пристигна во Кривичен, почнува судењето за измама – Блокирани сметките на болницата

Следно

Уапсен скопјанец кој украл возило во Центар

Latest from Blog

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто
Go toTop