„Внимателно ги следиме лицемерните политики на западните лидери за масакрите во Газа“

1 min read

АНКАРА (АА) 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека срамно и скандалозно за западните демократии е тоа што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат државна поддршка, известува Анадолу.

„Фактот дека екстремно десничарските движења се поддржани од самата држава во некои европски земји е трагедија, срамно и скандалозно за западните демократии“, изјави Ердоган во говорот на работилницата за градење капацитети и обука на Меѓународната демократска унија во турскиот главен град Анкара.

„Денес неонацистичкиот тероризам поттикнат од омразата кон Турците и муслиманите (народот) достигна нивоа што ги загрозуваат животите и имотот на нашиот народ“, додаде Ердоган.

Тој нагласи дека Туркије не може да молчи пред гнасните чинови на расистички тероризам, посочувајќи на убиството на десетици турски државјани во странство.

Жалејќи се дека на случаите на исламофобични и расистички напади не им е дадена истата чувствителност што им се дава на антисемитските дејства, Ердоган рече дека оние што ги подготвуваат извештаите за човековите права, само ја посматрале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 деца“.

„Речиси ниту еден западен лидер не одговори на оваа бруталност, освен неколку совесни државници“, рече турскиот лидер, додавајќи: „Не се појави храбра душа на Израел да му каже: ‘Доста е!’.“

Потврдувајќи ја посветеноста на Туркије да го задржи вниманието на израелскиот „геноцид“ врз народот на Газа и покрај притисокот од „глобалното ционистичко лоби“, тој рече дека „не е случајно што од неодамна има зголемување на кампањите насочени кон нас и нашата земја“.

„Овие кампањи имаат само една цел: да нѐ замолчат нас и Туркије“, рече тој.

„Анкара внимателно ја следи лицемерната политика на западните лидери што ѝ држат лекции на земјата за демократијата и слободата“, изјави Ердоган, укажувајќи на молкот на овие лидери за израелските масакри во Газа.

„Туркије го отфрла антисемитизмот на ист начин како што се спротивставува на исламофобијата, ксенофобијата и сите форми на културен расизам“, нагласи претседателот на Туркије Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Совети за помалку стрес и понизок крвен притисок

Следно

ДИК: Легитимноста и транспарентноста на изборниот процес не смеат да бидат нарушени

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива