Бура од реакции за онкологија – случајот е страшен! Ковачевски: Секој криминал има име и презиме, власта нема да се меша!

September 3, 2023
1 min read

реклама



Социјалните мрежи горат и се бара одговорност за сите медицински лица и оние кои манипулирале со лековите за лекување на ракот на Клиниката за онкологија. Се бара кривична одговорност со име и презиме.
Премиерот Ковачевски повика овој случај да не се користи како сензација во медиумите, уверувајќи дека Владата нема да интервенира да заштити никого.

„Секој криминал има име и презиме, има одговорност. Задача на МВР и Обвинителството е да обезбедат докази врз основа на кои ќе се откријат сторителите. Повторувам, од страна на шефот на Владата и Владата нема да има интервенција за да се заштити некој. Навистина се работи за страшни информации кои се предмет на истрага на МВР и Обвинителството.“, рече Ковачевски.

Ковачевски најави дека нов директор раководи со оваа клиника. Станува збор за Халид Матоши, кој на оваа функција дојде откако Алијансата за Албанците влезе во владиното мнозинство. ТВ21 директно го контактираше директорот. Го прашавме дали има сознанија за овие злоупотреби. Ни рече дека ќе не контактира во наредните денови, штом целиот случај биде расчистен од надлежните.

За ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски се однесува како да не е премиер. Тие обвинуваат дека овие злоупотреби се случиле во последните две години, токму кога Ковачевски беше премиер. Лазо Јовчески од комисијата за здравство на ВМРО дпмне , вели дека на оваа информација реагираат две години, но МВР не презема никакви мерки за да се спречи загубата на животите на пациентите.

„Неодамнешниот скандал со пуштање во промет на цитостатици на Клиниката за онкологија е шокантен. Од една страна ни нудеа билборди за европско и бесплатно здравство, а од друга страна ја гледаме мафијата во здравството. Освен манипулирање со јавноста, нема никакви мерки кои треба да се преземат за да се спречат овие случаи кои може да резултираат со загуба на животи. Токму оваа Влада на СДСМ и ДУИ ветуваше живот, но изгледа само им донесе катастрофа на народот“, вели Лазо Јовчески од Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ.

„За скандалот на Клиниката за онкологија алармираше Алијансата за Албанците уште во декември 2022 година. Не сакам да верувам дека е вистина, бидејќи во спротивно белиот мантил станува црн.“, велат од Алијанса за Албанците.

Инаку, премиерот Ковачевски, за да се спречи злоупотребата на лековите, на следната седница на Владата ќе предложи да се постави систем Track & Trace на границата за да се знае точно што се увезува, со каков квалитет и каде завршува лекот.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со воведувањето на програмата ИПАРД 3: Нови 97 милиони евра за земјоделскиот сектор

Следно

Арсенал во финишот со два гола го скрши Јунајтед

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое
Go toTop