Бугарското ВМРО ќе протестира пред зградата на ЕК во Софија за правата на Бугарите во Македонија

January 21, 2023
1 min read

Протестот го најави европратеникот од оваа партија, Ангел Џамбаски, кој инсистира и на итен прекин на преговорите на земјава со ЕУ

Членовите и симпатизерите на бугарското ВМРО денеска во 12 часот ќе протестираат пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на правата на луѓето со бугарски идентитет во Северна Македонија, најави европратеникот од оваа партија, Ангел Џамбаски, пренесува БНР.

Тој инсистира на итна реакција на европските институции за, како што вели, систематското кршење на човековите права во земјава и инсистира на итен прекин на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Нападнатиот охриѓанец кој се идентификува како Бугарин, Христина Пендиков, вчера со владин авион на Бугарија беше пренесен од Охрид во Софија за понатамошно лекување. За случајот Бугарија упати и протестна нота до Северна Македонија, а нападот го осудија и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

За нападот на Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, синоќа соопшти дека отворило истрага за 24-годишен охриѓанец кого го сомничи за кривично дело тешка телесна повреда.

„Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – ’не ти е срам да се пишиш Бугарин‘ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот“,

соопшти Основно јавно обвинителство (ОЈО) Охрид.

За осомничениот, обвинителството побара од охридскиот суд да му определи и мерка притвор.

ДРУГИ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360° – Интервју со Муцунски: Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ кога и Алијанса ќе влезе во власта?

Следно

На денешен ден почина македонскиот актер Душко Костовски

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop