Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 11.100

November 12, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври ја надмина бројката од 11.100, од кои над 8.000 деца и жени, соопшти денес владината канцеларија за медиуми во Газа, јавува Анадолу.

Од канцеларијата се наведува дека: „Поради таргетирањето болници и спречувањето на влезот на ранетите и телата на загинатите, Министерството за здравство вчера (сабота) не беше во можност да ја даде точната статистика за бројот на загинати и повредени во текот на изминатите часови“.

„Окупаторите извршија повеќе од 1.130 масакри, а бројот на жртви достигна над 11.100, од кои повеќе од 8.000 се деца и жени, а бројот на ранети достигна над 28.000“, се наведува во соопштението.

Претходниот биланс, според Министерството за здравство во Газа од петокот, беше 11.078 загинати, од кои 4.506 деца, 3.027 жени и 678 постари лица, како и 27.490 повредени.

Ешраф Ал-Кудра, портпаролот на Министерството за здравство во Газа, вчера изјави дека сите болници во северниот дел на Газа се вон функција, со исклучок на Баптистичката болница, која нуди ограничена медицинска помош.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не сработила за две години

Следно

Палестински министер предупредува: Од четврток во прекин сите комуникациски услуги во Газа

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop