Бројни неправилности во Гостивар и Скопје за одгледување на канабис за медицински цели – следуваат кривични пријави и одземања на одобренијата

August 12, 2023
2 mins read

реклама



На 11.08.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
Од извршената вонредна контрола и претресот беа констатирани голем број на неправилности, односно дека во правното лице не се исполнети барањата за обезбедување и надзор, а оградата и бриновиот елемент биле оштетени. Покрај ова, објектот е без електрична енергија, а од проверките во Агенцијата за вработување евидентирани се само две вработени лица, кои не биле затекнати на местото, наспроти двете затекнати лица, албански државјани, кои не биле вработени во правното лице, од кои едното има забрана за влез во државата и при доаѓање во објектот тоа се дава во бегство, но набргу било пронајдено и приведено.
Во магацинот за готов производ, т.н. СЕФ-соба биле пронајдени 327,3 килограми сув цвет спакуван во алуминиумски вреќи, што е спротивно на член 29-Ѓ од Закон за контрола на опојна дрога и психотропни супстанции, а според официјалното Известување доставено до Министерство за здравство, дополнително бил констатиран вишок од 23,3 килограми сув цвет од канабис. Исто така, затекнати биле 2.746 растенија од канабис кои се одгледуваат во надворешниот простор на правното лице, спротивно на предвидените услови. Сите пронајдени стебла од канабис и сув цвет од канабис по насоки на Јавен обвинител при ОЈО Гостивар, во текот на денешниот ден (12.08.2023) се одземени, а по комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар против правното лице и против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно Законот за контрола на опојни дроги. Исто така, од страна на Комисијата ќе биде поднесен предлог за  одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели.
Истиот ден (11.08.2023) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога во рамки на Одделот за криминалистичка полиција во координација со Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели извршија редовна контрола во уште едно правно лице во с.Врапчиште, гостиварско кое, исто така, поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. Од извршената контрола биле констатирани неправилности во однос на обезбедување на објектот и во делот на вработени лица, поради што  од страна на Комисијата ќе биде поднесен предлог за  одземање на Одобрението за одгледување канабис за медицински цели.
Претходниот ден, пак, (10.08.2023) од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на условите беше извршена уште една редовна контрола, овој пат во правно лице од Скопје, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, при што, исто така, биле констатирани неправилности во делот на обезбедувањето на просторот и вработените и ќе биде поднесен предлог за одземање на одобрението.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија: Украина изврши „терористички напад“ на Кримскиот мост

Следно

Хоџа: Новата партија во Собранието ќе делува конструктивно, првиот чекор се уставните измени

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop