Хоџа: Новата партија во Собранието ќе делува конструктивно, првиот чекор се уставните измени

August 12, 2023
1 min read

реклама



Убедени сме дека од овој политички моментум ова ќе биде една авангарда, односно ќе биде најпозитивната политичка сила која што ќе придонесе во иднината на државата и долгорочноста на процесите што не очекуваат пред нас, а особено за интегрирање на земјата во ЕУ, порача неодамнешниот заменик-претседател на Беса, Арјанит Хоџа пред почетокот на основачкото собрание на Европската демократска партија.

На основачкото собрание на новата политичка партија, кое се одржа во Скопје, Хоџа истакна дека новата партија ќе делува во Собранието, конструктивно.

реклама

-Во политичката сцена отвораме нова страница, страница која ќе придонесе за демократизацијата и имплементирањето на европските вредности во политичката сцена, оцени Хоџа.

Рече дека првиот чекор на партијата ќе бидат уставните измени.

реклама

-Пред нас првиот чекор односно првата битка е уставните измени. Значи без да има епилог во делот на уставните измени, ние не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена. Нормално очекуваме да поминат уставните измени, бидејќи тоа е отворање на вратата за влегување во ЕУ. Доколку не поминуваат, тогаш државата влегува во едно сценарио каде што навистина европската перспектива има потреба од политички сили што треба да се соединат и да не оставаме државата да остане во рацете на политичари што сакаат да ја изолираат, изјави тој.

Коментирајќи ја вчерашната посета на Курти тој истакна дека државава треба да се дистанцира од Србија поради руското влијание во регионот.

реклама

-Македонија треба што подалеку да стои од Србија, односно од руското влијание во регионот. Така да, индиректно е дадена порака и во самата опозиција и луѓето што го пречекаа Курти таму дека треба да бидат внимателни да не работат под диктат на политички структури што индиректно или директно работат за Русија, односно за изолирање на државата и за попречување на патот на државата кон ЕУ, изјави Хоџа.

Информира дека засега ќе дејствуваат самостојно без да се приклучат на страната на власта или опозицијата.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројни неправилности во Гостивар и Скопје за одгледување на канабис за медицински цели – следуваат кривични пријави и одземања на одобренијата

Следно

Младите заслужуваат да им го обезбедиме сиот потребен простор за да се изразат, вели Костадиновска Стојчевска по повод Меѓународниот ден на младите

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop