Бројката на загинати во земјотресите што ја потресоа Туркије се зголеми на 21.848

February 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 21.848 лица загинаа, а 80.104 се спасени по двата силни земјотреси што во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), известува Анадолу.

АФАД информираше дека по двата разорни земјотреси со епицентри во турската област Кахраманмараш забележани се 1.666 последователни земјотреси.

Од подрачјето погодено од земјотресите во други делови на Туркије се евакуирани над 86.000 лица.

Голем број спасувачки екипи и понатаму посветено работат во акциите за претрага и спасување на луѓето заробени во урнатините на зградите.

– Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Во овие земјотреси кои силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 3.300 лица, а над 5.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тежок ден за тетовските пожарникари: Утрово од урната зграда во Турција извадиле дваесетина загинати

Следно

Координаторот на ОН за земјотресите во Туркије: Најстрашен настан во регионот во последните 100 години

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop