Тежок ден за тетовските пожарникари: Утрово од урната зграда во Турција извадиле дваесетина загинати

1 min read

Деветчлената екипа на тетовската противпожарна единица е во Адијаман, град во југоисточниот дел на Турција, кој беше меѓу потешко погодените. Таму се наоѓаат поголем дел од македонските противпожарни екипи, како и тимот од Дирекцијата за заштита и спасување кои вчера, на петттиот дел од земјотресот, најдоа преживеана 38-годишна жена.

Авни Амети, командант на тетовските пожарникари, изјави дека денеска е особено тежок ден за нив зашто само утрово извадиле дваесетина загинати од урната зграда.

-Градот има 180 илјади жители, но целиот е разрушен. Како што одминува времето, се повеќе и повеќе се наоѓаат мртви тела под урнатитините. Денеска, сабота, особено е многу тежок ден за нас. Иако вчера извлековме преживеана жена, денеска многу, околу 20 загинати, само утрово извадивме од урната зграда. Продолжуваат потрагите, се надеваме дека ќе најдеме преживеани, информираше Амети.

Тетовските пожарникари таму пристигнаа на 8 февруари, а утре треба да се враќаат назад. Во Адијаман претежно живее курдска етничка заедница.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ердоган: „Ние никогаш не ги оставивме луѓето сами и на улица“

Следно

Бројката на загинати во земјотресите што ја потресоа Туркије се зголеми на 21.848

Latest from Blog