Координаторот на ОН за земјотресите во Туркије: Најстрашен настан во регионот во последните 100 години

1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Мартин Грифитс, координаторот на Обединетите нации (ОН) за итна помош, денес зборувајќи за земјотресите во Туркије и Сирија, рече дека во прашање е најстрашниот настан во регионот во последните 100 години, известува Анадолу.

„Она што се случи во понеделникот, во епицентарот на земјотресот, беше најстрашниот настан во последните 100 години во овој регион“, изјави Грифитс, кој е и заменик-генерален секретар на ОН за хуманитарна прашања.

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

„Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.848 лица, а спасени се 80.104 повредени. Во подрачјата погодени од земјотресите, заедно со екипите од други земји, активни се 160.000 спасувачи, медицинари и друг персонал“, соопшти претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Во овие земјотреси, што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Бројката на загинати во земјотресите што ја потресоа Туркије се зголеми на 21.848

Следно

Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал во ЕП

Latest from Blog