Британското Министерство за одбрана по грешка испраќало мејлови на рускиот сојузник Мали

July 28, 2023
1 min read

БИРМИНГЕМ (АА) – Британското Министерство за одбрана поведе внатрешна истрага откако и-мејлови со доверливи информации биле пратени до Мали, близок сојузник на Русија, поради грешка при пишување, јавува Анадолу.

Електронската пошта била наменета за американската војска, која го користи домејнот „.mil“. Но официјалните лица ја пропуштиле буквата „i“, поради што пораките се пратени до западноафриканската држава Мали, која го користи домејнот „ml“.

Британските медиуми објавија дека мејловите не содржат информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност на Велика Британија.

Мали е силен сојузник на Москва и е домаќин на платеници од руската група „Вагнер“ во борбата на земјата против бунтовничките групи.

Грешката се случува две недели откако американски официјални претставници потврдија дека милиони мејлови на американската армија со сензитивна содржина со години биле случајно праќани до Мали поради иста печатна грешка.

Ненамерната грешка резултира со изложување на високо сензитивни информации, како дипломатски документи, даночни пријави, лозинки и детали за патувањата на највисоките претставници.

За проблемот првпат пријавил холандскиот интернет-претприемач Јоханес Зурбер, кој управува со домејнот на Мали.

Зурбер за „Фајненшл тајмс“ изјави дека само од јануари собрал близу 117.000 погрешно насочени и-мејлови од Пентагон, а нивниот број бил многу поголем во претходните години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колумбиска фудбалерка колабираше за време на тренинг на Мундијалот

Следно

Италија и Турција ги здружија кандидатурите за домаќини на ЕУРО2032

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop