Бригадите Ал-Касам истрелаа ракети кон Тел Авив и околината

January 1, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на палестинската група Хамас, рано утрово истрелаа голем број ракети од Појасот Газа кон израелскиот град Тел Авив и неговата околина, активирајќи ги сирените, пренесува Анадолу.

Израелското армиско радио соопшти дека цел на ракетите биле и градовите Ришон Лезион, Лод, Рамла, Бнеи Брак и Сдерот, покрај еврејската населба Модиин Илит во централниот дел на окупираниот Западен Брег.

Бригадите Ал-Касам преку својот канал на Телеграм потврдија дека го бомбардирале Тел Авив и неговите предградија.

„Бригадите Ал-Касам го бомбардираат градот Тел Авив и неговите предградија со ракети М90 како одговор на ционистичките масакри врз цивилите“, се наведува во соопштението на групата.

Во соопштението се додадени и видеоснимки од истрелувањето на ракетите.

Засега нема извештаи за загинати, повредени или предизвикана штета од ракетите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена смртно настрада во Аеродром, се запалил клима уред во домот

Следно

Помошта за Газа задоволува само 10 отсто од потребите на населението

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop