„Босна доживеа геноцид, а целиот свет молчеше“

September 21, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), Елемедин Конаковиќ, за време на престојот во Њујорк учествува на 78. Генерално собрание на Обединетите нации и се обрати пред Советот за безбедност на ОН, известува Анадолу.

Во обраќањето Конаковиќ нагласи дека Босна и Херцеговина во потполност ја поддржува изјавата на Групата на пријатели за одговорност по агресијата врз Украина.

„Нашиот свет денес, за жал, е далеку од мирен и безбеден. Тоа е свет во кој неправдата и нетолерантноста ги доведуваат во прашање нашите заеднички вредности, самиот темел на нашата хуманост и просперитет. Руската агресија на Украина не е изолиран случај, туку претставува најочигледно кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право. Нејзините последици се катастрофални со бројни загубени животи, разорени семејства и милиони раселени лица, што предизвика хуманитарна криза“, истакна Конаковиќ и додаде дека членките на ОН мораат да бидат поодлучни и „дека не мораме да гледаме во далечното минато за да видиме што се случува кога нашата заедница на нации не ги одржува и не ги брани правата и нормите на светскиот поредок“.

„Токму ние имаме право и обврска гласно да зборуваме за ова прашање, бидејќи доживеавме геноцид што се случи во заштитена зона на Обединетите нации, во мојата земја, во Сребреница, додека целиот свет молчеше“, нагласи шефот на дипломатијата на БиХ.

Во своето обраќање тој истакна дека кршењето на Повелбата на ОН повеќе не е прифатливо и дека тоа е навреда за „нашите заеднички вредности“. „Наша должност е да стоиме зад благородните принципи врз кои оваа организација е изградена и ефикасните одговори бараат одговорност, почитување на меѓународните норми, силни коалиции и прогресивно, инклузивно водење“, посочи Конаковиќ.

Тој нагласи дека „и покрај пречките, како што е злоупотребата на ветото, донесовме одлучувачки чекор преку Генералното собрание и ја изразуваме нашата одлучност да го браните суверенитетот на Украина, територијалниот интегритет и принципите кои се потпираат на правдата.“

На крајот, Конаковиќ порача дека „заедно ќе истраеме во барањето да се запре ваквото насилство и неуморно ќе работиме за севкупен мир“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно со сончеви периоди – попладне пороен дожд и грмежи

Следно

Тренерот на Интер Мајами се сомнева во учеството на Меси и Алба во финалето на УС Опен купот

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop