Променливо облачно со сончеви периоди – попладне пороен дожд и грмежи

September 21, 2023
1 min read

реклама



Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степен.

реклама

До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во сабота. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

УЕФА ги санкционираше Романците за инцидентот со Косово

Следно

„Босна доживеа геноцид, а целиот свет молчеше“

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop