Борел: Примирјето што го објави Путин е лицемерно

January 6, 2023
1 min read

За прекинот на огнот да се смета за валиден, „мора да има целосен прекин на воените напади. Мора да има повлекување на (руските) војници и нивната воена опрема од украинска територија, објасни Борел

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, го опиша како „лицемерие“ прекинот на огнот што Москва го објави во Украина по повод православниот Божиќ, оценувајќи го како „неверојатен“.

„Кремљ целосно нема кредибилитет и оваа изјава за желбата за едностран прекин на огнот не е веродостојна. Одговорот што ни паѓа на ум на сите нас е скептицизам пред толку многу лицемерие“,

изјави Жозеп Борел за новинарите на маргините на неговата посета на Фез, Мароко.

За прекинот на огнот да се смета за валиден, „мора да има целосен прекин на воените напади. Мора да има повлекување на (руските) војници и нивната воена опрема од украинска територија, објасни Борел.

„Во отсуство на такви конкретни дејствија, едностраниот прекин на огнот изгледа како обид на Русија да купи време да ги прегрупира своите трупи и да се обиде да ја врати својата тешко нарушена меѓународна репутација“,

рече Борел.

Тој, исто така, го впери прстот кон руската „пропаганда“ која за глобалниот скок на цените на храната и енергијата ги обвинува „европските санкции“, што особено ја казнува Африка.

„Тоа е целосно невистина. Руската армија е таа што ги уништи силосите за жито, ги уништи полињата и сееше мини, ги уништи патиштата и ги блокираше пристаништата во Украина“,

нагласи високиот европски функционер.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ѝ нареди на својата армија да го почитува прекинот на огнот „по целата линија на контакт меѓу страните во Украина“ на 6 и 7 јануари, што е прв поголем прекин на огнот од почетокот на руската инвазија пред речиси една година.

Украина и западните сојузници го отфрлија, нарекувајќи го трик на Москва да купи време за испраќање засилување и опрема на источниот фронт.

Звуците на артилериски оган можеа денеска да се слушнат на линијата на фронтот во Украина, откако официјално стапи на сила прекинот на огнот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спасовси ја префрли топката за неговото разрешување кај Ковачевски – тој молчи, молчи и Филип Николовски Уранија

Следно

Гренел: Пукањњето во српските момчиња мора сите да го осудат

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop