Спасовси ја префрли топката за неговото разрешување кај Ковачевски – тој молчи, молчи и Филип Николовски Уранија

January 6, 2023
3 mins read

Еден ден откако Радио Лидер објави дека премиерот Димитар Ковачевски има намера да го разреши министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски и на неговото место да го постави Филип Николовски – Уранија, молк во СДСМ. Поставивме прашања до тројцата актери, ни одговори само Спасовски.

-Во однос на прашањата најдобар одговор може да даде премиерот Ковачевски во чија надлежност е да предлага избор и разрешување на министри. Со мене никој не разговарал на таа тема. Доколку се отвори дебата тоа ќе биде во органите на партијата и во парламентот, поздрав и убави празници. – вака за Радио Лидер изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на информациите кои вчера ги објавивме а ни беа посочени од извор од раковотството на СДСМ.

Нашиот извор, вчера не информираше за огромен судир кој се случува во СДСМ. Имено, според неговите тврдења, премиерот Димитар Ковачевски, под менторството на генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ, сака да го разреши Спасовски и на негово место да го постави познатиот скопски угостител Филип Николовски Уранија.

Откако Спасовски не пренасочи кон Ковачевски, го контактиравме премиерот, кој во текот на целиот ден не одговори на нашите СМС пораки во кои го прашавме дали сака да го разреши Спасовски и на неговото место да го постави Николовски? А за ова, според нашите информации, има огромно негодување од страна на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Молкот на премиерот, но и на владејачката СДС која изненадувачки молчи на тврдењата од медиумите, отвора сомнеж дека високо позиционираниот извор на Лидер е во право кога вели дека таму навистина владее вистински хаос.

Освен Ковачевски, цел ден молчи и Николовски, кој одби да ни одговори на пашањето дали ќе прифати да биде прв човек на МВР? Тоа што актуелниот заменик министер за финансии одбива да одговори, отвора сомнеж дека се спрема да му го земе местото на Спасовски.

Како што дознаваме, во наредните денови се очекува расчистување на оваа ситуација, токму онакво какво што ни навести Оливер Спасовски во одговорот, „преку органите на партијата“. Имено, се очекува на следниот состанок на Централниот Одбор на СДСМ да се случи вистинска бура поврзана со ова прашање.

Текстот од вчера:

Во скопската јавност, воопшто не е тајна дека кумановецот Оливер Спасовски му е еден од најнеомилените министри на кумановецот Димитар Ковачевски. Добро упатените познавачи на состојбите во владејачката СДСМ, со месеци брифираат дека постои огромно непријателство на релација Ковачевски-Спасовски.

-Првенствено тие тргнаа како тандем, затоа што Оливер Спасовски беше претерано близок со таткото на Димитар Ковачевски, стариот Таче. Во меѓувреме работите се сменија, затоа што Ковачевски се повеќе беше обземен од шармот на Миле Зечевиќ кој упорно се труди да го тргне од таканареченото „селско крило“ на СДСМ. Зечевиќ сега системски работи да ги тргне сите кадри кои се оставени од Заев, меѓу кои и Оливер Спасовски. – брифира извор од самиот врв на СДСМ за Радио Лидер.

Според нашиот извор, очигледно руралниот Ковачевски буквално бил обземан од скопјанштината на Миле Зечевиќ, па на местото директор на АНБ го поставил Зарко Милошевски кој воопшто не му е по кеиф на шефот на МВР но и на нивниот поранешен а можеби и сегашен, заеднички шеф, Зоран Заев.

– Зарко е Бранковист, тоа е добро познато во СДСМ, секогаш важел за близок да Црвенковски и до Зечевиќ. Тој никогаш не се поднесуваше нити со Оливер Спасовски, нити со Зоран Заев кои неговото место го меркаа за друг човек. Откако ја презема функциојата веднаш почна да се пресметува со луѓето на Заев. Па така, Зарко го испрати Јовче Ременски на работа надвор од Скопје и го разреши од раководното место во еден од секторите на АНБ. – брифира нашиот извор од СДСМ кој е непосредно близок со премиерот Ковачевски.

Ситуацијата кулминирала кога лично Зоран Заев и Венко Филипче, видно револтирани влегле, а според некои тврдења и излегле, на состанок со Димитар Ковачевски. На овој фамозен состанок на кој многу се викало, тие се противеле на неговата идеја да биде разрешен првиот човек на МВР Оливер Спасовски и на негово место да биде поставен заменик министерот за финансии, Филип Николовски, кој е познат како сопственик на елитниот скопски ресторан „Уранија“ и долгогодишен менаџер на истиот.

-Иако е само заменик министер, Филип Николовски е еден од луѓето во кои Ковачевски најмногу верува. Тие се стари пријатели, па така тој е единствениот кој доаѓа на позиција а не е од екипата на Заев, дури мислам дека никогаш не бил ни нешто активен во СДСМ. Тој е човек на Ковачевски и токму поради тоа тој сака да го постави за министер за внатрешни работи, позиција која е многу важна за секој премиер. – вели нашиот извор.

Но, работите излегле од контрола…

Заев и Филипче нервозни влегоа кај Ковачевски и нервозни излегоа од кај него, затоа што тој и понатаму стои на ставот дека Филип Николовски треба да го замени Оливер Спасовски затоа што тој е претерано компромитиран со десетиците скандали кои ги има откако е министер. Чашата ја прелеаја пасошот за рускинот на црни листи. По таа средба, детали од внатрешниот живот во СДСМ почнаа да излегуваат во јавноста, затоа и јас ви ги кажувам овие работи. – вели нашиот извор.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов пакет американска воена помош за Украина од 3 милијарди долари, вклучени и пешадиски транспортери

Следно

Борел: Примирјето што го објави Путин е лицемерно

Latest from Blog

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка
Go toTop