Борел: ЕУ „нема да запре“ додека Иран не го ослободи затворениот претставник на ЕУ

September 5, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денес изјави дека ЕУ „нема да запре“ додека Иран не го ослободи нивниот официјален претставник од Шведска, кој е во притвор повеќе од една година, јавува Анадолу.

Говорејќи за новинарите на неформалниот состанок на министрите за развој на ЕУ во Кадиз, Шпанија, Борел потврди дека „шведски државјанин што работел за ЕУ бил незаконски приведен во Иран и се наоѓа во притвор последните 500 дена“.

Неговите изјави следуваа откако американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ во понеделникот објави дека Јохан Флорус, кој работел за дипломатската служба на ЕУ, од минатата година се наоѓа во притвор во Иран, под обвинение за шпионирање.

Според извештајот, Флорус враќајќи се од одмор, бил приведен на аеродромот во Техеран во април 2022 година.

Борел истакна дека шведските власти имаат „целосна одговорност за конзуларна заштита“ на Флорус.

Истовремено, тој нагласи дека дипломатијата на ЕУ постојано го поставувала ова прашање на сите состаноци со Иран.

„Ова е постојано на нашата агенда, во нашето срце. Нема да застанеме додека Флорус не биде ослободен“, тврди Борел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во Централна Грција

Следно

Пронајден експлозив во беровско, приведено едно лице

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop