Богоев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати Манифестот – „Европеизација е Македонизација, а ВМРО-ДПМНЕ сака изолација“

August 9, 2023
1 min read

реклама



Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспарентно, ефикасно и ефективно затоа што заедничка цел ни е Македонија да стане членка на Европската унија до 2030 година. Ова го изјави потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во летното издание на Клик плус на ТВ21 кој ја повика опозицијата да каже што е проблематично во предложениот Манифест за преговори со Европската унија откако од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека со овој чекор уште еднаш се испушта можноста за консензус.

„Еве нека кажат што е проблематично во Манифестот. Тоа што Манифестот гарантира заштита на нашиот македонски јазик и македонска култура и македонска национална определба? Тоа ли е спорно? Што има спорно во Манифестот?  Спорно ли е до 2030 да се потрудиме да станеме членка на Европска унија? Нека кажат што е спорно еве се бунат сакале да бидат дел од изработка од не знам што, еве нека кажат што е спорно?“, вели Стефан Богоев.

реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со критики дека за овој документ не биле консултирани туку само се бара да го прифатат, но сепак велат дека откако ќе го добијат Манифестот ќе го разгледаат и потоа ќе се произнесат.

„Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ ако воопшто има основа за разгледување ќе го изанализира и ќе излезе со свој став“, додаде Наум Стоилковски.

реклама

Богоев, сепак повторува и на договорот постигнат на лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски во кој иако беше договорена техничка Влада без ДУИ и тие места да ги заземе ВМРО-ДПМНЕ по што Ковачевски потоа рече дека ќе им ги отстапи и дел од местата на СДСМ сепак потоа од таквиот договор Мицкоски се повлече. Неофицијално и дел од министри на СДСМ деновиве ќе поднесат условени оставки кои би биле валидни доколку ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени.

„Ние рековме дојди гласај за уставните измени за добро на државата за добро на граѓаните зашто Европска унија значи пари прогрес и напредок за возврат на тоа ќе распишеме избори и ќе има Влада претходно широка во која што ДУИ ќе напушти и пола од нашите министерства ќе ги дадеме на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ни е на дофат Европска унија. Сега овој чекор ако не го направиме тогаш следува бугаризација. Зашто што е бугаризација што ВМРО-ДПМНЕ ја збори во континуитет. Бугаризација беше 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, зашто во тие 11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши“, вели Стефан Богоев.

реклама

Од СДСМ заедно со коалиција вчера понудија Манифест за преговори со Европската унија во кој се наведува дека политичките партии ќе се обединат околу евроинтегративниот процес.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Силна експлозија го потресе градот Сергиев Посад близу Москва

Следно

ФИЛМОТ ЗА МАРИЈА КАЛАС НА ЛАРАИН СО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЌЕ СЕ СНИМА ЕСЕНВА ВО БУДИМПЕШТА

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop