Битиќи за изјавата на Зекири: Владата го донесе заклучокот но не ја покажува формата на спроведување

December 1, 2023
1 min read

реклама


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за ТВ21 ja искоментира денешната изјава на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири.

Според него, точно е дека Владата донела заклучок за реализација на физибилити студијата за Македонски пошти и Железници, додека Зекири бил еден од избраните да ја следи состојбата. Но, Битиќи додава дека процедурата и начинот на спроведување не се споменати во заклучокот.

„Точно е дека имало заклучок во Владата да се направи физибилити студија за Пошта и Железница – Транспорт. Заклучокот го содржи само ова. Тој беше предложен како едно од лицата назначени од Владата да ги следи состојбите во Пошта и Железница. Тоа беше предложено од моја страна и тука завршува секој заклучок на владата и потоа почнува имплементацијата. Не гледам ништо контрадикторно во изјавата на претходниот секретар во Владата. Во Владата за такво нешто никогаш не се разговара. Обично имаме многу такви точки со различни заклучоци, никогаш не зборуваме за модалитетите на имплементација,  каков и да е заклучокот“, вели Фатмир Битиќи.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лавров ги нарече „кукавици“ највисоките претставници на ЕУ и САД за пропуштање на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Следно

Андоновски: Реприза на дуелот Дафкова-Пендаровски не би исклучил, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го објавиме на крајот од јануари

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop