Битиќи од Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек далеку над глобалниот

September 21, 2023
1 min read

реклама



Овие денови, овде во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17. цели за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030. Постигнатиот консензус ветува дека ќе се изгради меѓудржавна солидарност, ќе се врати оптимизмот и ентузијазмот за обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде, вклучително и во нашата земја. Владата на Република Северна Македонија веќе ја има изразено својата посветеност за реализација на Агенда 2030, а напредокот што го имаме направено е регистриран и преку Интегрирана проценка, со која е утврдено дека нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек што е далеку над глобалниот просек.

Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, соопшти владината прес-служба.

реклама

– За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе, посочил Битиќи по вториот ден на неговото учеството на 78. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Битиќи истакнал дека ова е една од суштинските пораки што произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите Нации.

реклама

Тој се осврнал и на Националната развојна стратегија, „која ќе ја постави институционалната рамка за постигнување на општествен консензус во насока на создавање на политичка атмосфера и мобилизиравме позитивна политичка енергија за поставување на 20-годишни развојни приоритети, кои ќе претставуваат основата за локализирање и реализирање во уште повисок степен на Целите на одржлив развој“.

– Како потврда на нашите институционални заложби за економска и социјална трансформација, пратена од засилена зелена транзиција, може да се препознае и потпишувањето на „Меморандумот за разбирање“ и „Договорот за привилегии и имунитети“ со Зелениот климатски фонд, со што Северна Македонија наредната година ќе биде домаќин на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, пишува во изјавата на Битиќи.

реклама

Вицепремиерот соопштил дека Владата на Република Северна Македонија ги зацврстува институционалните капацитети за спротивставување на климатските промени, но и гради и спроведува политики кои ќе обезбедат социјално и еколошки балансиран економски развој, насочен кон благосостојбата на нашите сограѓани и нивниот просперитет.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Модриќ и Крос не се задоволни од ситуацијата во Реал Мадрид и сакаат да си ја вратат важната улога на теренот

Следно

Вечерва во 360°: Партнерот на зетот на Ахмети за 24 илјади евра стекнал две третини од фирмата со државен бизнис од 112 милиони евра

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop