Билансот на загинати мигранти во бродоломот кај јужна Италија порасна на 70

March 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати мигранти во бродската несреќа во близина на јужна Италија се искачи на 70, пренесува Анадолу.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека телото на уште едно дете е пронајдено денес кај калабрискиот град Кутро.

„Телото на момче, очигледно на возраст од 12 или 13 години, е пронајдено на плажата Ботричело, на околу 10 километри од каде што [дрвен] рибарски брод со околу 200 мигранти се распадна во разбрануваното море минатата недела“, објави агенцијата.

Претходно вчера, властите пронајдоа тело на друго дете на околу 3-годишна возраст во водите недалеку од Кутро, а во веста се додава дека во несреќата загинале најмалку 16 малолетници.

Несреќата ја преживеаја најмалку 80 луѓе.

Полициските извештаи проценуваат дека меѓу 27 и 47 лица се исчезнати.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која престојува во официјална посета на Абу Даби, ги отфрли наводите дека нејзината влада на одреден начин „ги попречила операциите што би ги спасиле жртвите“, објави АНСА.

Мелони размислува да го одржи „следниот состанок на Владата во Кутро, градот близу кој се случи катастрофата, и да го стави фокусот на миграцијата“.

„Мелони повтори дека италијанските власти не добиле предупредување од граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, дека рибарскиот брод на кој се наоѓале мигранти, а кој се распадна во немирното море, бил во неволја“, се додава.

Започната е истрага за да се утврди дали спасувачките напори биле одложени од небрежност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бројот на загинати во земјотресите во Туркије надмина 45.960

Следно

До каде стигнавме со тоа дека Скопје е метропола?

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop