БиХ: Не се одржа главниот претрес во постапката против Додик, одбиено барањето судењето да се премести во Бања Лука

December 6, 2023
1 min read

САРАЕВО (АА) – Во Судот на Босна и Херцеговина денес не се одржа главната расправа во постапката против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на Службениот весник на РС, Милош Лукиќ, бидејќи одбраната поднесе барање за преместување на судскиот процес од Сараево во Бања Лука, јавува Анадолу.

Рочиштето требаше да се одржи за обвинението што против нив двајца го подигна Обвинителството на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.

Додик по рочиштето изјави дека расправата не започнала бидејќи Судот на Босна и Херцеговина го одбил барањето на одбраната постапката да се премести во Основниот суд во Бања Лука, но одбраната има рок од три дена за жалба и поради тоа во тој период не можел да започне главниот претрес.

„Ова е примарно политички процес предизвикан од фактот дека непостоен странец во формална смисла наметнува некои одлуки и менува закони, што е удар врз БиХ и нејзиниот суверенитет. Ова ги докажува слабостите на системот, односно на БиХ, а не некоја вина, моја или на Лукиќ. Што се однесува до денешниот претрес, расправата не ни започна бидејќи мојот тим на одбраната поднесе барање за преместување на судењето оттука во Бања Лука, а судот донесе одлука да не го прифати, но имаме три дена за жалба. Затоа не беше можно да започне рочиштето бидејќи тоа би значело дека се прејудицира само нашата жалбена постапка и одлуката на Апелацискиот совет на Судот на БиХ“, изјави Додик по излегувањето од Судот на БиХ.

Тој изјави дека претставниците на РС имаат докази дека претставници на американската амбасада во БиХ го посетуваат Обвинителството на БиХ и сугерираат во која насока треба да одат предметите.

„Енормната зависност од високиот претставник не им носи ништо добро на БиХ и никому. Американските претставници го посетуваат Обвинителството и даваат сугестии што треба да се направи. Имаме докази за тоа“, рече Додик.

Поддршка на Додик пред Судот на БиХ во Сараево му дадоа претставници на организациите на ветераните на РС и одреден број симпатизери. Ним им се придружија официјални претставници од РС, вклучително и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, како и премиерот на РС, Радован Вишковиќ.

Обвинението што го подигна Обвинителството на БиХ ги товари Додик и Милош Лукиќ за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина (OHR). За ова кривично дело е предвидена казна од половина година до пет години затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски не планира да се кандидира за нов мандат

Следно

Путин се состана со Ал Нахјан: ОАЕ се главен трговски партнер на Русија во арапскиот свет

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop