Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста

September 4, 2023
1 min read

Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста – 8 септември.

Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција.

Двете остварувања ги поврзуваат неколку нишки. Меѓу нив се и самите наслови. Медот впрочем, е еден вид исцелителна храна. Но тоа настрана. Најважните поврзници меѓу двата филма се: прифатеноста од публиката, речиси универзално позитивниот прием кај критиката, потврдено со многубројни награди, соопштија од Кинотека.

Документарецот „Медена земја“ на фестивалот „Санденс“ под покровителство на прославениот актер и режисер Роберт Редфорд, доби три награди.

И филмот „Исцелител“ има подолга генеза на создавање. Авторот речиси една деценија осмислувал дали филмот да биде црна комедија, драма, социјална приказна. На крајот исцелител е сево ова, прецизно изрежирана кино творба, со впечатлива актерска игра, и суптилна музичка предлошка. На фестивалските проекции во различни краеви на светот, публиката со аплаузи, а критиката со пофалби го прифаќаше ова филмско остварување, се вели во соопштението на Кинотеката.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германска фабрика се отвора во Скопје, нови 700 вработувања, бруто плата од 1200 евра

Следно

Запрете ја војната!

Latest from Blog

Макрон бара итно носење на законот за забрана на социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот претседател Емануел Макрон сака неговата влада да го забрза правниот процес за да се обезбеди забраната за социјалните мрежи за деца под 15 години да стапи на сила во септември, на

Петрушевски: Дали Филипче со идејата за преземање на Клиничката болница Жан Митрев планирал приватизирање на јавни пари бидејќи драстично ја зголемил сумата префрлена од ФЗО

„Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување. Овој случај покажува

Дневен хороскоп за 25 Јануари 2026

ОВЕН Денеска повеќето од вас ќе ја претпочитаат удобноста на домот и сопственото друштво пред состаноците и активните активности надвор. Дозволете си да „одморите со бавно темпо“, на овој начин ќе се

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8

Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени,
Go toTop