Германска фабрика се отвора во Скопје, нови 700 вработувања, бруто плата од 1200 евра

September 4, 2023
1 min read

реклама



Нови 750 вработени со бруто плата од 1200 евра. Ова ќе го донесе новата инвестиција во Македонија. Ова е фабриката БМЗ од Франкфурт со инвестиција од 64.9 милиони евра. Станува збор за германската компанија за производство на напредни батериски системи. 

Договорот беше потпишан од извршниот директор и основач Свен Бауер и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

реклама

„Со оваа инвестиција и предвидениот број на работни места кој веќе се реализира, тоа е 750, целиот овој сет на договори предвидува отворање на нови 12.500 работни места. Само минатата година имавме 2000 нови работни места креирани од компаниите во зоните. Компанијата БМЗ станува прва која во својот план се обврза да обезбеди поддршка за програмите кои дирекцијата и Владата ги развиваат и веќе ги пилотираат во изминатите месеци. Во делот на развој на вештините кај младите луѓе и поддршка на таленти, се надевам дека примерот на БМЗ ќе го следат и сите постојани и идни инвестотори.“, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

„Со проектирањето на годишниот извоз од над 360 милиони евра. Новата фабрика на БМЗ ќе значи директна придобивка за извозните способности на РСМ и подобрување на трговскиот баланс. Но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи за раст и развој. БМЗ е синоним за технолошки напредна компанија со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал. Ова е доказ дека приближувањето на вредносниот ланец на производството во Европа која нашата земја ја промовираше веќе три години, полека почнува да дава резултати.“, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

реклама

„Посебна гордност ми претставува тоа што компанијата БМЗ во својата политика работи со локален тим, и сакам да го поздравам целиот тим кој е испратен тука во Германија, друг дел во Полска и сега за нас останува полесниот дел, да си го лансираме производството откако заврши овој административен дел.“, рече Јелица Иванова, директорка на фабрика БМЗ во Скопје.

Според истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија 80 проценти од постојните германски инвеститори повторно би инвестирале во државава. Германија е првиот од петте трговски партнери на Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.

реклама

Јовица Пауноски, ТВ21, Франкфурт, Германија.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Ужас во Србија: Возеше во спротивен правец на автопат и предизвика судар, возилото во пламен (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Следно

Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop