Беса Адеми не одговори на поканата за средба – Судски совет: продолжуваме да ги штитиме судиите според законот

November 6, 2023
1 min read

реклама


Судски совет денеска во 11 часот на состанок ја покани претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, но таа не дојде. Целта на оваа средба беше Адеми да ги разјасни своите тврдења дека се врши политички притисок врз судиите во Врховниот суд. Отсуството Адеми го најави преку соопштение. Адеми вели дека овие политички притисоци не се нешто ново, туку дека такви притисоци имало и во минатото и го обвинува Судскиот совет дека не преземено ништо во оваа насока.

„И покрај ваквите укажувања, јавноста не доби одговори дали Судскиот совет презел соодветни дејствија, појаснувајќи за какви притисоци се работело. Законските одредби на кои се повикувате во поканата до претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, иако погрешно цитирани и во двете верзии, беа и тогаш во важност. Претпоставувам и тогаш имаше потреба од итно и без одлагање да се разгледа прашањето за притисоците и влијанијата во органот на судството кој ја гарантира независноста на судството“, вели Беса Адеми.

реклама

Претседателката Адеми додава дека нејзините цели се да ја заштити независноста и имиџот на судството и да ја зголеми довербата на граѓаните во судството, а како причина за нејзиното отсуство додаде дека имала денеска настан со Коалицијата „Сите за правично судење“.

Но, првиот човек на Судскиот совет, Сашко Георгиев, повтори дека и во покрај не присуствувањето на Адеми, Судскиот совет ќе продолжи да ги штити судиите.

реклама

Судски Совет констатирал дека следниот период ќе ги повикаат судиите поединечно, за да потврдат дали навистина има притисоци или овие се само тврдења на претседателката.

Инаку, иницијативата за оваа средба дојде откако претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ги потврди тврдењата на албанската опозиција дека има политички притисок врз судиите на Врховниот суд во однос на иницијативата за враќање на сила на аболицијата на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов од 2016 година.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена нападната во Чаир од сопругот, свекрвата и золвата!

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Дали повторно ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давкова

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop