Баерн Минхен на Милан му нуди 60 милиони, плус да си одбере еден играч во замена за Леао

June 6, 2025
1 min read

Баерн Минхен му предлага трампа на Милан, за услугите на Рафаел Леао нуди 60 милиони евра, плус „росонерите“ да си одберат еден играч.

Баерн Минхен сака да донесе засилувања за офанзивата, прва желба беше Флоријан Вирц, но Германецот го одбра Ливерпул а „баварците“ се насочија кон други алтернативи.

На листата со желби има имиња како Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Рафаел Леао од Милан.

Последните информации велат дека шампион на Германија предложил трампа, нудат 60 милион евра, плус Милан да си одбере еден играч во замена за Португалецот.

Сепак, „росонерите“ не се заинтересирани за една ваква зделка и ќе се разделат со Рафаел Леао само доколку добијат 100+ милиони евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Пукна тиквата“ меѓу Трамп и Маск: „Лудиот“ Маск и „убиство“ на законот за даноци на Трамп

Следно

Вистината за Кочани: Мицкоски ја попречува истрагата и стои на патот на правдата

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop