Асадовиот режим ја користел планината Касјун како место за производство на барел бомби

January 1, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ –

Поранешниот режим на Башар ал-Асад ја претвори планината Касјун во околината на Дамаск, Сирија, во место за производство на барел бомби кои се користени во големи масакри за време на сириската граѓанска војна, јавува Анадолу.

Барел бомбите се всушност метални резервоари во форма на буриња, контејнери за цемент или цилиндри, кои се полнат со високоексплозивни материјали и гориво за да предизвикаат пожар кога ќе паднат, со додавање на метални фрагменти и клинци.

Овие бомби, за кои е познато дека имаат моќен деструктивен ефект и покрај нивната ниска цена, беа најмногу користени од режимските сили во граѓанската војна.

Барел бомбите, направени со полнење на буриња со материјали како што се големи количини експлозив, отпаден метал и клинци, се користени за убивање на илјадници цивили во војната во Сирија.

Начинот на фрлање на оваа бомба, која предизвикува разорување на простор од 50 до 200 метри во зависност од количината на експлозив, во воената терминологија се дефинира како „слободен пад“.

Репортерската екипа на Анадолу сними капацитет за производство на барел бомби лоциран во подножјето на планината Касиун во близина на главниот град Дамаск.

– Напади врз цивилни населби –

На влезот на објектот има фотографија од соборениот сириски претседател Асад.

Внатре во објектот можат да се видат разни цевки, експлозив, детонатори и други компоненти кои се користат за производство на бомби.

Според извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) за периодот од јули 2012 година до април 2021 година, во кој се документира прекршувањето на човековите права врз цивилите во Сирија, режимските сили употребиле барел бомби во напади врз цивилните населби дури 81.916 пати.

Во овие напади убиени се најмалку 11.087 цивили, меѓу кои 1.821 дете и 1.780 жени.

Цел на барел бомбите најмногу беа покраините Дамаск, Алепо, Дера и Идлиб, а најмногу жртви се регистрирани во Алепо.

Башар ал-Асад, кој беше претседател на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас кој владееше со Сирија од 1963 година.

Преземањето на власта дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги зазедоа клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политичка одмазда за предвремено пензионирање? – Се раскинува договорот за вработување на лекарот од Кичево

Следно

Туркије изрази длабоко жалење за нападот во Њу Орлеанс во кој загинаа најмалку 10 лица

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop