Пожар во Тузла: Бројот на жртви се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти

November 7, 2025
1 min read

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во 23:01 часот во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) Тузла почина уште една пациентка која се здобила со тешки повреди во огнената стихија, јавуваат локалните медиуми.

Починатата пациентка беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација, каде поради тешката здравствена состојба била приклучена на респиратор. За жал, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегна на повредите.

По пожарот, во УКЦ Тузла се хоспитализирани 30 лица, а во моментов на лекување се наоѓаат 13 пациенти.

Од УКЦ Тузла соопштија дека „на Клиниката за анестезиологија и реанимација моментално се наоѓаат тројца пациенти, од кои еден е на респиратор. На Клиниката за белодробни заболувања хоспитализирани се шест пациенти (еден полицаец и петмина штитеници на Домот). На Клиниката за интерни болести се хоспитализирани тројца пациенти со стабилна здравствена состојба. На Клиниката за урологија хоспитализиран е еден пациент, исто така со стабилна здравствена состојба“.

Истрагата откри бројни пропусти

Спроведената обдукција на 11 од жртвите утврдила дека сите починале како последица на задушување, а телото на едно лице било зафатено и од огнот.

Трагедијата отвори бројни прашања за условите за работа во Домот, а јавноста е особено заинтересирана зошто неподвижните лица биле сместени на највисоките катови, од каде што евакуацијата била исклучително тешка.

Исто така, откриено е дека за 185 корисници се грижел само тричлен медицински персонал.

Под сомнеж се најдоа и финансиското работење и целокупното раководење со установата.

Причината за пожарот сè уште не е позната, но во меѓувреме, директорот на Домот поднесе оставка.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта

Следно

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

Latest from Blog

Коњановски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, планирани 2.000 нови работни места

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Владата и компанијата „Кромберг и Шуберт“ за нов инвестициски проект во Битола, кој предвидува производство на автомобилски компоненти за „Ауди“ и

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја
Go toTop