Македонски Концепт бара намалување на бројот на министерства и фузија на ресорите

November 7, 2025
1 min read

Македонски Концепт, како изразито десничарска политичка партија и составен дел од владејачката коалиција, ја поддржува потребата од темелна реконструкција на Владата на Република Македонија, насочена кон рационализација на институциите, намалување на бројот на министерства и фузирање на сродни ресори во функционални целини.

Време е државата да се изгради врз принципот на помалку министерства и повеќе одговорност. Моделот на прегломазни влади, со прекумерна административна структура и голем број функционери, е производ на левичарско и комунистичко управување, кое со децении ја гуши ефективноста и ја поткопува одговорноста на институциите.

Како автентична десничарска партија, ние се залагаме за мала, силна и ефикасна влада, во која секој функционер ќе носи реална одговорност за својот ресор. Од 1945 година до денес, Македонија не познала вистинска десничарска влада во суштинска смисла на зборот. Време е тоа да се промени. Доволно беше комунизам и неокомунизам, кои во последните 35 години ја одржуваат логиката на бирократски систем без резултати и без одговорност.

 

Македонски Концепт предлага фузија на министерствата со цел рационализација на државниот апарат и поефикасно користење на јавните ресурси:

• Министерството за правда, локална самоуправа, информатичко општество, администрација и етнички заедници да се обединат во едно Министерство за државни служби – со што, наместо четири, ќе постои еден ресор со интегрирани функции и јасна хиерархија.

• Министерството за надворешни работи и евроинтеграции да се спојат во едно целосно усогласено Министерство за надворешни и европски работи.

• Министерството за животна средина да се интегрира со земјоделството, а културата да се поврзе со образованието, согласно современите европски практики за рационална јавна администрација и сл.

Со оваа реорганизација, бројот на министри ќе се намали за најмалку 50%, при што функционерите ќе добијат поголема тежина и отчетност, а граѓаните ќе плаќаат значително помалку за луксузни кабинети и непродуктивна администрација. Државата треба да биде систем што функционира во служба на народот кој ја создал. Ни треба систем што работи, а не администрација што паразитира. Комунистичкиот модел „како досега“ претставува ментален и институционален синдром што ја убива одговорноста, индивидуалната иницијатива и конкурентноста.

Десничарската логика е јасна и едноставна:

• Помалку држава – повеќе ефикасност.

• Помалку функционери – повеќе работа.

• Помалку трошоци – повеќе инвестиции во народот.

Секој министер кој не може да управува со поширок ресор, не треба да биде министер. Државната функција не е социјална установа за политичка комоција, туку организациски механизам што мора да произведува резултати.

Во таа насока, Македонски Концепт ќе го претстави својот концептуален документ „Нов модел на десничарска влада“ на премиерот Мицкоски, на коалициските партнери во рамки на коалицијата „Твоја Македонија“, како и на другите владини чинители. Со тоа, ќе се побара широка поддршка за длабока институционална и функционална реформа што ќе ја постави основата на модерна, рационална и отчетна влада – влада на одговорни луѓе во служба на народот.

Стои во соопштението на Македонски Концепт

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Заигра“ метлата во Скопје, се чисти градот и се бркаат неработници

Следно

Баланс+ – за подобра исхрана и квалитетен живот кај лицата со дијабет

Latest from Blog

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Прилеп добива нов фудбалски клуб – Градскиот фудбалски клуб, односно ГФК Победа, кој од новата сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига. Основач на новиот клуб е здружението „Градски фудбалски клуб
Go toTop