Арсовска нема надлежност да ме казни бидејќи ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје, вели Ѓорѓиевски

July 12, 2023
2 mins read

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, реагира дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, немала надлежност да го казни за одложувањето на отпад пред депонијата „Дрисла“ бидејќи јавното претпријатие се наоѓа на територија на Општините Студеничани и Сопиште

На прес-конференцијата, Ѓорѓиевски кажа и дека се кае за тоа што и дал поддршка на Арсовска на локалните избори во 2021 година

Откако доцна синоќа во медиумите излезе вест дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го казнила градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со парична казна во износ од 90 000 евра поради оставање отпад пред портите на депонијата „Дрисла“, денеска на прес-конференција тој за оваа казна рече дека нема правна основа бидејќи ѓубрето било истурено пред објект кој се наоѓа на територија на Oпштината Студеничани, а не во Град Скопје, што значи дека таа немала ингеренции за казнување за овој случај.

„Ниту си ги знае своите надлежности ниту, пак, своите ингеренции и што е најстрашно, според мене, ниту, пак, знае која е територијата што ја администратира“,

рече Ѓорѓиевски.

Покрај Кисела Вода, казна била пишана и за Општината Сопиште, а доколку се соберат двете казни кои треба да ги платат општините – сумата изнесува околу 140 000 евра, но тие се уште не се пристигнати на адреса на општините. Ѓорѓиевски кажа и дека според негови информации, инспекторите кои ја напишале казната биде уценувани директно од градоначалничката.

Ѓорѓиевски вели дека за да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор бидејќи според одлука која е донесена уште од 2005 г. сите општини се наведени дека може да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати, а одлуката да ги преземат работите во свои раце и да започнат со чистење на општините, ја правда со тоа што доколку градоначалниците не постапеле, градот ќе продолжел да тони во смет и здравјето на граѓаните би се довело во прашање.

„Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Данела Арсовска, КХС и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа“,

вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа и дека се кае што воопшто и дал поддршка на Арсовска во предизборната кампања за локалните избори во 2021 г. но и дека тој ретко може да ја види неа на терен да се пофали со некој завршен проект, а единствено излегува на прес-конференции за да се расправа со други луѓе.

Тој потенцираше дека Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции и најави реакција од неговиот правен тим, не исклучувајќи ја можноста да поднесе кривична пријава за неа поради загрозување на здравјето на граѓаните

„Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира“,

кажа Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Витор Роке потпиша за Барселона, 500 милиони откупна клаузула

Следно

Г-7 најави безбедносни гаранции за Украина, Русија го оцени тоа за срамно

Latest from Blog

Коњановски: Ален и Адријан Рустемовски од Битола се вистински пример за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче

Василевска: Демократските стандарди на Македонија се меѓународно потврдени (ВИДЕО)

Пратеничката во Собранието на Република Македонија и редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Иванка Василевска, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа донело одлука за затворање на пост-мониторинг

По примерот на Австралија, уште една голема земја им забранува на децата користење на социјалните мрежи

Главниот економски советник на Индија ја повика владата да воведе ограничувања за возраста на апликациите на социјалните медиуми за да ја ограничи „дигиталната зависност“, предупредувајќи за користењето на платформите од страна на

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација,

Истрагата за 11 полицајци во „ПУЛС“ стопирана – Експертите алармираат за слабости во обвинението и создавање перцепција на неправда

Запрена е истрагата за 11 полицајци и раководители, кои беа сомничени во случајот „Пулс“ за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици. Одлуката од Обвинителството е донесена откако е проценето дека
Go toTop