Арсовска најави кривични пријави за изгласаниот ДУП во Општина Ѓорче Петров

February 19, 2024
1 min read

Бурни реакции има во јавноста, но и од партиите откако вчера беше изгласан новиот Детален урбанистички план (ДУП) во Општина Ѓорче Петров. Стевчо Јакимовски, ,,Левица”, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се дел од оние кои реагираа на донесениот ДУП. По повод вонредната седница и изгласувањето на новиот ДУП во Општина Ѓорче Петров, денеска на прес-конференција се обрати Арсовска.

– Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.

Како што појасни градоначалничката Арсовска, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината.

Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андреецска, вработена во Министерството за транспорт и врски.

Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.

-Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров, рече Арсовска.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: Бугарија ги киднапираше Македонија и Албанија на ЕУ интегративниот пат

Следно

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop