Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски

May 21, 2025
1 min read

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак.

Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски.

-Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“  е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

На вежбата на АП Криволак ќе учествуваат Северна Македонија со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници. 

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Во рамки на вежбата, односно пред официјалниот почеток, на 23, 24 и 25 мај, воените оркестри на Армијата на Северна Македонија и САД ќе одржат концерти во Штип, Битола и Скопје, а отворен ден за граѓаните со приказ на опрема од вежбата ќе се одржи на 1 јуни во Кавадарци. Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за денешното финале

Следно

Пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: Еве колку пари треба да платат на наставничката

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop