„Армијата ќе добие хеликоптери и дронови“ – Петровска: Имам проекти за уште еден мандат министерка

October 27, 2023
1 min read

реклама


Дали во македонската Армија имало сексуално вознемирување. На оваа тема синоќа во дебатниот магазин на Клик Плус на ТВ21 разговаравме со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Ако нешто до мене стигне како информација, дали пишана форма или некој усно ми го соопшти, секогаш без двоумење и притоа да носам пресуди, бидејќи не сум јас таа, без да водам јас истрага, јас веднаш го повикувам Шефот на военото разузнавање и информирам за сите информации кои стигнале до мене“, вели Славјанка Петровска.

реклама

Индициите вчера на собраниска седница за пратенички прашања ги презентираше пратеникот Драган Ковачки. Министерката вели информациите треба да се проверат, за да не биде повторно изворот лажен како со тоа дека поседува хациенда за што веќе се води судски спор.

Во дебатниот магазин Петровска рече дека Армијата во иднина ќе набави нови хеликоптери и дронови.

реклама

„Се надевам дека во текот на ноември месец ќе може да бидат презентирани конечните позиции и да ја донесеме таа одлука. Но исто така до крајот на оваа година ќе започнеме со формално процес за набавка на дронови затоа што е направена анализа, генералштабот на армијата со своите единици ја направи и заврши анализата која покажа каде и во кои сегменти од одбраната дроновите може да бидат искористени“, порача Славјанка Петровска.

На прашање дали размислува да најде на листата за пратеници на следните парламентарни избори, Петровска вели дека има многу проекти кои треба да се реализираат во Министерството за одбрана.

реклама

„Јас искрено имам испланирано уште многу проекти, ова што досега беше сработено е само дел. Меѓутоа има многу проекти за кои мислам дека има простор и ќе бидат сработени во МО и Армијата во мојот нареден мандат како министерка за одбрана“, додаде Славјанка Петровска.

Модернизацијата на Армијата ќе биде главен фокус, заклучи Петровска.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Во сите структури можеби постојат криминалци, а наш врвен приоритет е борбата против нив

Следно

Новите симптоми на новиот ковид

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop