Ангелов: Гори релативно мал крак кај Ајватовци, поддршка од воздух не е потребна

August 27, 2023
1 min read

реклама



Пожарот кај Ајватовци сеуште е активен на еден крак (под репетиторите), останатите делови се изгаснати, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Нагласи дека рано утрово пожарот е ставен под контрола. Два од трите краци од пожарот кои вчера гореа, како што рече, се изгаснати.

реклама

„Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локално население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски. Очекувам да биде целосно изгаснат во следните неколку часа. Засега нема потреба од воздухоплови.
Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС“, вели Ангелов.

Пожарот избувна вчера попладне и се прошири на територијата на соседните села Мршинци, Бучинци и Бујковци во општина Илинден, како и во општина Арачиново. Во еден период беше надвор од контрола и беше најавено дека рано утринава ќе дејствуваат два полициски хеликоптера, а подоцна ќе им се приклучат и два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување.

реклама

Вчера беше изгаснат пожарот во општините Пробиштип и Чешиново Облешево каде дејствуваа полициски хеликоптери и ер трактор, а во доцна попладнето заврна и дожд. Вчера вечер активни пожари имаше и во скопските села Умово и Рашче.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лионел Меси со нов “магичен гол” во дебито во МЛС лигата (ВИДЕО)

Следно

Пожарот кај скопско Ајватовци ставен под контрола, се догаснува мал активен крак

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop