Андоновски поднесе оставка од селекторското место на САД

August 17, 2023
1 min read

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД Влатко Андоновски поднесе оставка, јави Асошиетед прес повикувајќи се на лице запознаено со одлуката. Македонецот реши да ја напушти функцијата поради раната елиминација на Светското првенство кое е во тек.

Американките кои ја бранеа титулата, на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд беа елиминирани во осминафиналето, порано од кога било досега. Четирикратните шампиони на турнирот не беа во препознатливата форма. Во групата го победија Виетнам и ремизираа со Холандија и Португалија, по што едвај се пласираа во нокаут фазата.

Претходно САД на Мундијалите никогаш не завршиле полошо од трето место на Светското првенство.

Четириесет и шестгодишниот Андоновски беше именуван за селектор на Соединетите Американски Држави во октомври 2019 година. Под негово водство Американките забележаа 51 победа, пет нерешени и девет загубени натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поддржувачи на терористичката организација ЈПГ/ПКК вандализираа џамија во Германија

Следно

Министерство за одбрана: Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop