АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКО ОТВOРАЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО СО „РАПСОДИЈА ВО СИНО“ И „ПАЈДУШКО“

July 13, 2025
1 min read

Американска и македонска музика свиреа оркестарот на Филхармонијата и американската пијанистка Клер Хуангчи под диригентство на Едвин Аутвотер од САД, на отварањето на јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето во Античкиот театар во Охрид. Музиката, визуелните ефекти и сликите и видеата на видеобим беа во знакот на македонската и на американската традиција.

Хуангчи, која е во поодмината бременост, и оркестарот добија голем аплауз свирејќи го славното дело „Рапсодија во сино“ од американскиот композитор Џорџ Гершвин. Уште поголем аплауз добија на крајот, кога Хуангучи го свиреше „Пајдушко“ од Дамир Имери, визуелно надополнето со светлосни ефекти во форма на македонското знаме.

Концертот почна со „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн, која ја свиреше оркестарот на Филхармонијата. Дел од публиката во последните редови беше многу гласна, и покрај честите опомени од обезбедувањето зборуваше во текот на целиот концерт, и го попречи следењето на отварањето на останатите кои седеа блиску.

Гостин солист на Филхармонијата беше американската пијанистка Клер Хуангчи која е во поодмината бременост. (Фото: СДК.МК)

На отварањето, уметничката порака ја пренесе актерот Ѓорѓи Јолевски.

„Во свет на војни, Охридско лето е чин на пркос. Во светот во кој сѐ се мери, уметноста не може. Во денешно време, машините можат да нѐ заменат, но не можат да нѐ разберат.  Секој чин на уметност е чин на надеж“, рече Јолевски.

„Кога охриѓани ќе ги прифатат славните, но и обичните новодојденци како блиски пријатели, кога градот ќе стане светска уметничка република, чии сезонски жители се жедни и желни за уметност, секој знае и чувствува дека се случува Охридско лето”, рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова, покровителка на настанот.

Директорот на фестивалот, тенорот Ѓорѓи Цуцковски кажа дека му е драго што повеќе од 500 уметници од дваесеттина земји од целиот свет наредните месец и половина ќе учествуваат на неколкуте фестивалски сцени во Охрид.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ендрик оди на позајмица оваа сезона

Следно

Период на сончево и топло време – во вторник нестабилно со пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски

Инвеститорите активни, индексите мирни: Македонската берза со промет од речиси 27 милиони денари на дднешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 09.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.689,62 поени. Во однос на
Go toTop