Алтун: Политиката на насилство, дезинформации и цензура произведена од Израел ѝ се заканува на целото човештво

January 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, се обрати на симпозиумот „Медиумска борба за вистината на војната во Газа“ на кој зборуваше за дезинформациите и цензурите што ги произведува Израел, пренесува Анадолу.

„Политиката на насилство, дезинформации и цензура што ја произведува Израел за да го сокрие, легитимизира и институционализира угнетувањето што со децении продолжува во Палестина и се продлабочува во Газа по 7 октомври, не му се заканува само на палестинскиот народ, туку и на целото човештво, на светскиот и на регионален мир. За да можат тие закани да се елиминираат, пред сѐ, мораат да бидат казнети воените злосторници и геноцидните потези на Израел“, истакна Алтун.

Потсетувајќи дека интензивно се работи на дешифрирање на содржината на дезинформации и лажни информации што ги произведува Израел, Алтун рече дека Израел со овие кампањи на дезинформации се обидува да ја прикрие вистината и да ја направи невидлива.

„Сакаме да ги откриеме и да ги прикажеме тие лаги, заедно со фактите, пред агендата на меѓународната заедница. Работиме на тоа. Во тој контекст, нашиот Центар за борба против дезинформации, кој делува во рамките на Канцеларијата за комуникации на турското претседателство, работи 24 часа. Вестите за израелските лаги што ги откривме се пренесуваат во медиумите ширум светот“, истакна Алтун.

Директорот за комуникации Алтун наведе дека интензивно работат под водство на претседателот на Турије, Реџеп Таип Ердоган, за да придонесат за оправданиот отпор на народот на Газа и да обезбедат нивниот глас посилно да одекне низ светот.

„Како членови на глобалната заедница на совеста, мораме повеќе на дневен ред да ја поставуваме ситуацијата во Газа, користејќи ги сите средства што ни се на располагање, и погласно да му кажуваме на светот дека Израел изврши воено злосторство. Како Туркије, ги вложуваме сите напори во тој поглед и подготвени сме за повеќе“, напомена Алтун.

Тој истакна дека Туркије во сите меѓународни кризи во кои досега била вклучена, дејствувала во соработка и координација со актерите на глобалната совест и му ја покажала важноста на тоа на целиот свет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес во Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Следно

Фон дер Лајен: Ако Европа ги изневери Евреите, ќе не изневери сите

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop