Алиу и Меџити: Само нека пробаат да не разрешат!

February 6, 2024
1 min read

Минситерот за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество Азир Алиу пред разрешување.

Според информации на ТВ 24 од СДСМ и од ДУИ се оечкува предлогот утре најрано да стигне до Собранието. Од крилото на зијадин секла велат дека веќе се дебатирало и за нови имиња, а барањето за разрешување ќе биде пратено до премиерот Џафери. Дека Ковачевски, Ахмети и Села веќе расчистуваат со позициите на поддржувачите на Арбен Таравари, говори и фактот што денеска беа рарзешени двајца директори кои застанаа зад актуелниот лидер на партијата, Бујар Абази од Македонски пошти и Газменд Авдија од Агенцијата за странски инвестиции.

За нивно разрешување гласале и дел од замениците од Алијанса. И додека нивните до вчерашни сопартијци бараат нивни смени, Меџити и Алиу на вонредна прес конференција  попладнево од пред владата, бидејќи не им беше дозволено да се обратат во владата, порачаа дека немаат намера да се повлечат. На сопратијците им порача нивните желби и барања не се легитимни. 

Барањето за разрешување на двоецот кој што јавно застана зад Арбен Таравари стигна од т.н кадровска комисја на Алијанса за Албанците.

– Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. – изјавија од Алијанса на Албанците – крило на Зијадин Села.

Актуелниот лидер на партијата пак вечерва на фејсбук им порача и на сопартијците и на политичките лидери дека 8 мај е блиску. 

– Разликите што ги имаме во АА, оставете да ги решиме на наш демократски начин и не се срамете со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на АА каде било. – напиша Таравари.

Според информациите од власта, мнозинството има доволно гласови за рарзешување на министрите, бидејќи формално од 8 те пратеници, шест го поддржуваат Зијадин Села, а останатите двајца со Таравари.

Но, на контото на власта, од мнозинството сметаат и на гласовите на Бастри Бајрами и на Хусни Исмаили.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот

Следно

Кривична против скопјанец, истепал обезбедувач во казино

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop