Албанската опозиција за „Манифестот“ – театар за манипулација со јавноста и маскирање на неуспесите

August 9, 2023
1 min read

реклама



Албанската опозиција Манифестот потпишан од 12-те партии од парламентарното мнозинство го гледа како политички театар и обид за манипулирање со јавноста, како залог за поддршка на преговорите за целосна интеграција на земјата во ЕУ.

Од Движење Беса велат дека овој манифест е едноставно обид за манипулирање со јавноста. Според нив, има многу други прашања што треба да се решат во Македонија, а потоа самата ЕУ ќе ги отвори вратите за членство.

реклама

„Таканаречениот манифест не е ништо друго туку обид за манипулирање со јавноста, а во пракса постапуваат против членството во ЕУ и вредностите на ЕУ. Се додека од една страна се потпишуваат само хартии, или од друга страна се зголемува корупцијата и богатењето на членовите на семејството на Ковачевски и Ахмети, ЕУ ќе не држи подалеку и ќе остане само сон“, велат од Беса.

Од Алтернатива за ТВ21 велат дека Манифестот не е неопходен бидејќи се потребни дела за евроинтеграции, а ставовите на партијата се повторени илјадници пати.

реклама

„Немаме причина да афирмираме нешто што сме го изјавувале илјадници пати. Евроинтеграцијата не е прашање на декларација и манифест, туку определеност и акција“, посочи Зекирија Ибрахими.

Изет Меџити, кој наскоро ќе го формира Демократското движење, за ТВ21 вели дека се е политички театар и обид да се прикријат неуспесите.

реклама

„Политички театар. Неуспесите и скандалите сакаат да ги покријат со ПР на криза. Еднаш си даваат оставки, еднаш си потпишуваат манифест меѓу себе“, вели Изет Меџити.

Инаку, партиите од парламентарното мнозинство преку овој Манифест сакаат да создадат единство за европскиот концепт и сите политички партии да поддржат и да придонесат за полноправно членство во Европската Унија. „Со предлогот на манифестот изјавуваме дека ќе се заложиме за реализација на сите обврски кои произлегуваат од политичките критериуми за членство во ЕУ“, се наведува меѓу другото во Манифестот на 12-те политички партии на власт.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Иниеста ја продолжува кариерата во ОАЕ

Следно

Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop