Иниеста ја продолжува кариерата во ОАЕ

August 9, 2023
1 min read

Поранешниот играч за врска на шпанската фудбалска репрезентација и на Барселона, Андрес Иниеста му се приклучи на фудбалскиот клуб Емирејтс, соопшти денеска професионалната Про Лига на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Добредојде Иниеста“, порача клубот од ОАЕ преку социјалните мрежи. Клубот со седиште во Рас Ал-Каима објави фотографија на 39-годишниот Иниеста во клупскиот дрес и најави дека деталите од договорот дополнително ќе бидат објавени на прес – конференција.

Иниеста минатиот месец ги напушти редовите на јапонскиот клуб Висел Кобе во кој мина пет сезони.

Легендарниот Иниеста во дресот на Барселона освои девет шпански титули, како и четири трофеи во Лигата на шампиони, а со шпанската репрезентација се закити со една светска и две европски титули.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќучук: Без потребните реформи, нема старт на преговорите

Следно

Албанската опозиција за „Манифестот“ – театар за манипулација со јавноста и маскирање на неуспесите

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop