Албанија: Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани

June 29, 2024
1 min read

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал.

– Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини, рече таа.

Нурја посочи дека кога била на чело на институцијата што го евидентира населението, пописните податоци изработени во 2011 година биле објавени во рок од пет недели.

– Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците, рече Нурја.

Таа смета дека пописните резултати требало да бидат објавени неколку дена по завршувањето.

– Сега пописот се прави со таблети и резултатите за бројот на населението треба да бидат објавени брзо, како што тоа го направија Косово, Србија и Црна Гора, посочува Нурја.

Официјалните пописни податоци објавени вчера покажаа дека населението во Албанија се намалило на нешто над 2,4 милиони жители, додека просечната возраст на населението се зголемила на 42 години.

За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фајзер, кај ќе ти оди душата

Следно

„Ниту еден друг термин освен геноцид не може да се користи за израелските напади на Газа“

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop