Алармантни податоци на Евростат: 24,2% од ДЕЦАТА во ЕУ изложени на СИРОМАШТИЈА!

June 2, 2025
1 min read

Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%) – објави Евростат.

На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), Шпанија (34,6%) и Романија (33,8%). Спротивно на тоа, Словенија (11,8%), Кипар (14,8%) и Чешка (15,4%) се на дното на листата.

Во споредба со 2023 година, во Романија се регистрира најголемо намалување на уделот на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2024 година, -5,2 п.п., по што следуваат Ирска (-3,7 п.п.) и Унгарија (-3,3 п.п.). Од друга страна, Финска (+3,5 п.п.), Хрватска (+2,0 п.п.), Бугарија и Белгија (и двете +1,2 п.п.) забележаа најголемо зголемување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Следно

„Македоника литера“ објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop