Акција на Финансиска полиција, се приведуваат лица кои го оштетиле Фондот за здравствено осигурување

December 28, 2023
1 min read

реклама


Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од раните утрински часови Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

-Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против повеќе физички и две правни лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела измама и перење пари и други приноси од казниво дело од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, со што е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во износ од 35.551.472 денари, информираат од Управата за финансиска полиција.

реклама

Како што појаснуваат оттаму, првопријавениот во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица, како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второпријавениот и третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да исплати парични средства по основ на користење на право за надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на поголем број бремени жени-родилки, на начин што фиктивно ги вработувале во пријавените правни субјекти, како продавачки без да одат на работа, под услов да се бремени, притоа исплаќајќи им месечни примања во висина на минималната плата, за да по исполнувањето на законскиот услов од шест месеци, извршат корекција на плата на многу поголеми износи од минималната, давајќи невистинити и лажни податоци во Управата за јавни приходи.

-Првопријавениот во својство на овластен потписник на сметките на фиктивно вработените бремени жени – родилки, поголем дел од паричните средства кои биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување по основ на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги присвоил за себе на начин што дел од паричните средства ги подигал во готово, а останатиот дел ги пуштил во оптек односно ги префрлил кон банкарските сметки на пријавените правни лица и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици, а се со цел да го прикрие потеклото на нелегално стекнатите парични средства, велат од Управата за финансиска полиција.

реклама

Со таквите дејствија пријавените лица го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за износ од 35.551.472 денари.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел објави тендери за изградба на 1.839 населени единици во Источен Кудс

Следно

Почина писателот Александар Поповски

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop