Аксиос: Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат апликацијата DeepSeek

January 31, 2025
1 min read

Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција DipSik, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на известување испратено до канцелариите од главниот административен директор на Претставничкиот дом (ЦАО).

Во известувањето се наведува дека DeepSeek моментално е под контрола на ЦАО.

Појавата на евтиниот кинески модел на вештачка интелигенција (ВИ) ја загрози доминацијата на пазарот на лидерите со ВИ со седиште во САД, како што се OpenAI и Google’s Alphabet.

Кинеската компанија за развој на ВИ DeepSeek објави отворена верзија на својот модел R1, кој привлече големо внимание, бидејќи напредниот модел по некои параметри е подобар од американските производи и во исто време е направен по значително пониска цена.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу снег на Попова Шапка

Следно

Анкета: Грците не се убедени дека Владата и правдата прават сѐ што можат за расветлување на железничката несреќа кај Темпи

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop