Анкета: Грците не се убедени дека Владата и правдата прават сѐ што можат за расветлување на железничката несреќа кај Темпи

January 31, 2025
1 min read

Мнозинството Грци не се убедени дека Владата и правдата прават сѐ што можат за расветлување на железничката несреќа кај Темпи од пред речиси две години во која загинаа 57 лица, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MRB“ за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, 81,1 отсто од анкетираните на прашањето дали Владата прави сѐ што може за расчистување на несреќата одговориле „сигурно не“ или „веројатно не“, додека само 14,5 проценти дале позитивен одговор, а сличен е ставот и во однос на правдата и 77,5 отсто одговараат негативно на истото прашање.

Железничката несреќа кај Темпи што се случи на 28 февруари 2023 година во изминатиот период е главна тема во Грција, откако во јавноста беа објавени нови информации, по што во неделата беа организирани масовни протести.

Во однос на рејтингот на партиите во Грција, анкетата покажува дека Нова демократија и натаму е главна политичка сила во земјата со 21 отсто, втора е ПАСОК со 12,4 проценти, трета е радикално десничарската Грчко решени со 7,2 отсто, а потоа следат Комунистичката партија (7,1 процент) и СИРИЗА (6,3 отсто).

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „MRB“ за грчката телевизија „Опен“ било спроведено во периодот од 27 до 29 јануари со анкетирани 1.000 лица со право на глас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аксиос: Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат апликацијата DeepSeek

Следно

ОЈО за Васил Јованов

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop