Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот

August 7, 2023
1 min read

Професор д-р Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, еден од најголемите американски и светски слависти е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во среда, 9 август во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

Како што е најавено, пригодни беседи за Фридман ќе одржат претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој, и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство меѓународна асемблеја од гости, меѓу кои се и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.

Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман.

Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка.

Академик Фридман е седумнаесетти добитник, по ред, на ова признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците: Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги на тој начин, изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во рамките на овој свечен настан, ќе се одржи и Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од „Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност, амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија.

Како што соопштија организаротие, со овој настан ќе се инаугурира и проектот за поставување на спомен-обележјето „Охрид Центар на Светскиот Хуманизам” за кое Советот на Општина Охрид донесе одлука да биде поставено во просторот Долна Порта, како единствено такво обележје во светот.

Идејата е на добитникот на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев од 2014 година, кој предложи пред Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот, да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО.

Светлин Русев почина во 2017 година, додека Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до Жарко Башески, еден од најголемите скуптори во македонската современа уметност, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект.

Неговите дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патриот, спасителот Киев

Следно

Скандинавците дигаат глас против модерната а грда архитектура

Latest from Blog

Мајсторија на Баена: Атлетико Мадрид победнички на стартот во новата сезона во Ла Лига!

ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/ Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и

Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД

Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, беше уапсена во јануари 2025 година откако отишла во американскиот Капитол, каде што им кажала на полицајците дека имала намера да го убие Бесант на денот на

Сиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било

Николоски: Македонија се гради со проекти, паметни политики и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на
Go toTop