Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

December 30, 2024
1 min read

Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.

– Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој (Груби) е еден од нив, изјави Агелер, која учествуваше во Претпразничната чајанка во ЈП „Лајка“.

Во однос на процедурата за разрешување на членови на Судски совет што се избираат во Собранието, исто така истакна дека треба да постои одговорност но и процесот треба да биде транспарентен.

Мислам дека јас и Амбасадата бевме многу јасни во однос на нашиот став за Судскиот совет и другите институции во рамките на правосудството. Повторно ќе кажам, треба да постои одговорност но и процесот треба да биде транспарентен, со цел граѓаните да разберат што се случува и зошто, рече Агелер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ кој изврши убиства во „Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор

Следно

За маркетите, фризерите и козметичарите можно е да се укине недела неработен ден

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop