Апокалиптични сцени во Калифорнија, десет жртви во пожарите

January 10, 2025
1 min read

Десетина загинати и преку 300 илјади принудно се раселени поради големите пожари кои веќе неколку дена горат во Лос Анџелес.

Во гаснењето на огнената стихија, која за неколку дена опустоши десетици илјади хектари, мобилизирани 7.500 пожарникари а на помош им се приклучија и околу 400 членови на националната гарда. За само 3 дена, 10 илјади објекти изгореа од кои неколку илјади куќи во Пацифик Палисејдс, луксузна населба во која живеат познати ѕвезди од Холивуд, а која сега, наликува на воена зона.

„Ова е армагедон. Се возам низ воена зона. Останав без зборови..Шокирана сум..Многу сум тажна поради нашата уништена заедница.“

„Тука сум веќе 47 години. Израснав во оваа населба..Сум преживеал и други пожари но досега немам видено ништо вакво.“

Во меѓувреме пријевен е и нов пожар помеѓу Лос Анџелес и градот Вентура, кој опасно се приближува кон куќите. Поттикнат од силните ветрови, веќе е зафатена површина од околу 320 хектари. Покрај противпожарните служби, полни раце работа има и полицијата. Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите. Приведено е и едно лице за кое полицијата се сомнева дека намерно предизвикал еден од пожарите.

„Правдата ќе биде брза и безмилосна. Ќе бараме максимална казна. Сакаме да испратиме јасна порака. Без разлика дали станува збор за грабеж, интернет измама, вооружен грабеж или подметнување пожар, правдата ќе биде задоволена.“ – Роберт Луна шериф на округот Лос Анџелес.

Од Белата Куќа велат дека владата ќе им помогне на настраданите во пожарот. Претседателот во заминување, Џо Бајден, вети дека ќе биде обновено сето она што е уништено во изминативе денови.

„Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт на отпадот, привремени сместувања за настраданите и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се заштити животот на граѓаните и нивната сопственост.“ – Џо Бајден претседател на САД.

Според проценката на американската компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ , економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес двојно се зголемиле во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, бројка која може да се зголеми во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе бидат под контрола.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Aмбулантите полни со пациенти

Следно

Поради магла намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре и Кула- Катланово

Latest from Blog

Аеродромот „Истанбул“ е најпрометниот аеродром во Европа со 1.482 летови дневно

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (ЕВРОКОНТРОЛ) објави „Извештај за европското воздухопловство“ за периодот 21-27 април, известува Анадолу. Во извештајот се наведува дека аеродромот „Истанбул“ е рангиран на

Интер го постигна најбрзиот гол во полуфиналето во Лигата на шампиони

Фудбалерите на Интер вечерва на гостувањето во Барселона испишаа историја во Лигата на шампиони, постигнувајќи го најбрзиот гол во полуфиналната серија. Интер дојде во водство на дуелот против Барселона со голот на

Туркије пред МСП: Меѓународната заедница падна на тестот за Газа, Тел Авив го користи гладот ​​како оружје

ЖЕНЕВА (АА) – Туркије го обвини Израел дека ја користи гладта како оружје против цивилите во Газа денес за време на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) и истакна дека меѓународната

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со
Go toTop