Aмбулантите полни со пациенти

January 10, 2025
1 min read

После новогодишните празници, бројот на заболени од грип се зголемил за 47% односно пријавени се 331 случај. Најмногу заболени лица има во општина Дебар а најголем процент на заболени се бележи кај децата од 5 -14 години, а по нив следат најмалите – од 0 до 4 години.

Од Институтот за јавно здравје соопштуваат дека во првата недела на јануари, преовладувале заболувањата предизвикани од респираторниот синцицијален вирус. 

– Регистрирани се еден пациент со грип – Influenza А(H3) и 5 со респираторен синцицијален вирус (RSV). Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип. Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има низок интензитет на вирусот на грип. – Институтот за јавно здравје.

Епидемиолозите очекуваат пикот на сезоната на вирусот на грип да биде во февруари и порачуваат дека се уште не е доцна граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип. 

Епидемиолозите потврдуваат дека секоја година бројот на вакцинирани од сезонски грип се зголемува, особено видлив резултат има кај популацијата над 64 години – кај нив се забележува колективен имунитет и низок процент на заболување. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Со прекуграничните операции ја елиминиравме зоната на терор што се обидоа да ја формираат во северна Сирија“

Следно

Апокалиптични сцени во Калифорнија, десет жртви во пожарите

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop