Делегација на „Туркиш ерлајнс“ на разговори во сирискиот главен град

January 10, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Делегација на „Туркиш ерлајнс“ вчера одржа технички разговори со официјални претставници во сирискиот главен град Дамаск.

Ерол Шенол, потпретседател за продажба за Блискиот Исток и Кипар во авиокомпанијата, даде детали за посетата во интервју за Анадолу.

Шенол рече дека делегацијата се состанала со Сириската управа за цивилно воздухопловство и со раководството на „Сиријан ер“.

„Нашите состаноци поминаа добро и бевме срдечно примени“, рече тој.

Разговорите се однесуваа на потребните процеси за повторно стартување на летовите меѓу Туркије и Дамаск, рече Шенол.

„Ги оценивме операциите на аеродромот и ја разгледавме структурата на флотата на сириската авиокомпанија. Наша примарна цел е да ги зајакнеме техничката и технолошката инфраструктура на сириската авиокомпанија“, додаде тој.

Шенол, исто така, ја истакна нивната амбиција повторно да ги стартуваат летовите Дамаск-Истанбул колку што е можно поскоро.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на деценискиот режим на партијата Баас.

Преземањето дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги зазедоа клучните градови во молскавична офанзива што траеше помалку од две недели

Новата администрација предводена од Ахмед ал-Шара ја презеде контролата врз земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јунајтед нуди размена Рашфорд-Кварацхелија

Следно

Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop